100 години фудбал во Прилеп

ПРВАКОТ НЕ БЕШЕ ЧУДНО ДА ПРИМИ И 5 ГОЛА ВО ПРИЛЕП!

Убави се сеќавањата за периодот кога Победа беше учесник во Втората фудбалска лига – Исток на Југославија. Во таа лига, во сезоната 1975/76 трка за првото место водеа Напредак од Крушевац и Рад од Белград. Првакот влегуваше во највискиот ранг, Првата лига на Југославија, во друштвото на „големата четворка“ Звезда, Партизан, Динамо и Хајдук.

Пролетта секој бод беше важен. Во 26. коло на 25 април 1976, Напредак и гостуваше на Победа во Прилеп. Гостите се надеваа на два бода (тогаш победата носеше два бода). Напредак секаде беше фаворит, и ретко губеше. Но, под Марковите Кули се случи сензација. Иако до крајот на полувремето беше 1:1 (Победа поведе преку Ристо Глигороски во 6, Напредак израмни со голот на Јовица Шкоро во 43.), во вториот дел потполна доминација на прилепскиот тим. Глигороски даде уште два гола, во 62. и 67. минута, Живко Ѓорѓиоски во 82. и 84, за конечни 5:1 за Победа. Колку беше силен Напредак, се виде до крајот на првенството, кога го освои првото место и стана прволигаш, но остана засекогаш споменот дека во Прилеп беше немоќен против Победа која го освои 13. место меѓу 18 тима.

ПОБЕДА: Т. Тодороски, Мечев, М. Цветкоски, Г. Момироски, Дрвошанов, Георгиев, Г. Манески, Магдески, Глигороски, Ѓорѓиоски, П. Трајкоски. Тренер: Часлав Божиновски.

НАПРЕДАК: Милосављевиќ, М. Радовановиќ, Трипковиќ, Пешиќ, К. Радовановиќ, Никиновиќ, Ѓорѓевиќ, Јовановиќ (Бубања), Шкоро, Илиќ (Шушловиќ), Јаковљевиќ. Тренер: Драган Бојовиќ.

Од категоријата

СИТЕ ПАРИ ОД ТУТУНОТ ВО ОБЛОЖУВАЊЕ!

Зоран Иге

ЗНАМЕТО НА ПОБЕДА ВО БОСАНСКИ ФИЛМ!

Зоран Иге

РАСТАЖЕНИ 15 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе